28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Дали знаете како изгледаат сите пари во светот?

График на денот: Дали знаете како изгледаат сите пари во светот?

Дали некогаш сте се запрашале колку пари има во светот? Одговорот на ова прашање е комплициран, како што може и очекувате, но не поради тешкотијата за собирање на сите пари, туку поради тоа кои параметри се користат за дефинирање на „парите“.

„Количеството на пари што постои варира во зависност од тоа како ги дефинираме парите. Колку апстрактна дефиниција за парите користиме, толку поголемо е нивното количество“, вели Џеф Дежардин, уредник на „Visual Capitalist“ кои во одговор на ова прашање подготвија графика во 2015-та година.

Неодамна таа е надградена со постојано менување на дефиницијата за пари, објави „MarketWatch“.

„Дали апстракциите создадени од страна на централните банки, навистина се пари? Што е со златото, бикоинот или други средства?“, прашува тој.

За пуританите, кои сметаат дека под „пари“ се подразбираат само физичките „тесни пари“ (банкноти, монети и пари депонирани во штедни или платежни сметки), вкупниот износ е околу 36.8 трилиони долари(36.8 илјади милијарди долари).

Меѓутоа, ако ги погледнете „пошироките пари“, што не се само обични физички пари и ги вклучува сите пари во лесно достапни сметки, износот е околу 90.4 трилиони долари(90,4 илјади милијарди долари).

За оние кои претпочитаат уште посеопфатна интерпретација која ги вклучува биткоинот, етерот и други криптовалути, плус добитното злато и средства инвестирани во различни финансиски производи, како деривативни инструменти, количеството е од редот на квадрилионите.

Еве како изгледа квадрилион: 1.000.000.000.000.000.

Само средствата инвестирани во деривативни инструменти вредат најмалку 544 трилиони долари, со највисока проценка од 1,2 квадрилиони.

Навистина, има повеќе пари во светот во деривативни инструменти отколку на сите берзи што се споени, што значи дека тие се релативно ниски 73 трилиони долари.

САД придонесуваат со најголем дел од оваа вкупна пазарна капитализација благодарение на компаниите како „Apple Inc.“, „Alphabet Inc.“ и „Microsoft Corp“.

Инвестициите во комерцијалните недвижности, кои често се најпрепознатливиот симбол на богатството, се бледи во споредба со акциите и дериватите со вкупна вредност од 29 трилиони долари.

Што се однесува до парите што ги поседува секој човек и земја во светот, вкупниот износ е 215 трилиони долари, со околу 33% позајмени во текот на последната деценија.

И покрај експлозивната година за биткоинот и другите криптовалути како класа на средства, дигиталните пари мора да одат по долг пат. Во графиконот на „Visual Capitalist“ вредноста на сите биткоини во оптек е проценета на 100 милијарди долари (пазарната капитализација на биткоинот во моментов е над 170 милијарди долари, според „CoinMarketCap“).

Ова е импресивен раст, во споредба со малите точки во табелата кога биткоинот беше претставен во 2015-та, но и покрај тоа сепак останува капка во океанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП