7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје објави добивка од 83 милиони денари заклучно со третиот...

Фершпед АД Скопје објави добивка од 83 милиони денари заклучно со третиот квартал

Група Фершпед АД Скопје за период Јануари-Септември 2017 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран биланс на успех и оствари добивка од 82.954 илјади денари.

Вкупните приходи на Група Фершпед АД Скопје  во периодот Јануари-Септември  2017 година изнесуваат 2.707.409 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2016 година бележат пораст од 6%.

Оперативните приходи во износ 2.699.990 илјади денари и во споредба со претходната година истиот период бележат пораст од 6%. Финансиските приходи за овој период бележат намалување во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи на Група Фершпед АД Скопје во 2017 година изнесуваат 2.596.777 илјади денари и истите бележат пораст  од 3 % во однос на вкупните расходи  во 2016 година.

Оперативните расходи во износ 2.572.136 илјади денари бележат пораст за 3% во однос на истите претходната година.

Финансиските расходи во 2017 година бележат намалување во однос на истите претходната година.

финансискиот извештај можете да го поглднете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП