21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТоплификација АД Скопје оствари добивка од 7,1 милиони денари за периодот јануари-септември...

Топлификација АД Скопје оствари добивка од 7,1 милиони денари за периодот јануари-септември 2017

Групација Топлификација оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари-Септември 2017 година прикажан во неревидираниот поединечен Биланс на успех.

Остварената нето добивката по оданочување за период 01.01.-30.09.2017 година изнесува 7,117 илјади денари.

Вкупните приходи се во износ од 129,859 илјади денари за деветомесечието од 2017 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, останати оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во износ од 85,114 илјади денари се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија, приходи од продажба на топлинска енергија, приходи од проекти. Останати оперативни приходи се во износ 11,861 илјади денари и истите во најголем дел се приходи од наплата на побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи во износ од 32,884 илјади денари се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија.

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-30.09.2017 година изнесуваат 122,742 илјади денари. Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, трошоци на продадени производи и услуги и финансиски трошоци. Административните трошоци се во износ од 58,395 илјади денари. Во оваа група на трошоци влегуваат, трошоци за гориво за производство на топлинска енергија, трошоци за услуги, материјали, трошоци за вработени, трошоци за амортизација и останати трошоци. Финансиските трошоци се во износ од 57,558 илјади денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми и камати за задоцнето плаќање на доверители.

Нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување на средствата во однос на претходниот ревидиран финансиски извештај.

Исплатени дивиденди

Согласно одлуката за распределба на добивка донесена на Седницата на собранието на акционери одржана на 31.10.2017 година, нераспределената добивка е распределена 5% на законски резерви и остатокот е распореден за инвестиции- реинвестирана добивка, односно не беше распределен дел за дивиденда на акционерите.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи). Нема во периодот од Јануари до Септември 2017 година.

Oчекувања за престојниот период

Во текот на 2017 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија во најмал износ од цца 85 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија а со тоа и намалувања на кредитната изложеност на компанијата. Во 2017 година ќе продолжат активности на други проекти од областа на енергетиката поврзани со дистрибуција на гас на ниво на урбани средини, либерализација на пазар на електрична енергија и примената на обновливи извори на енергија по пазарни услови.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП