26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Grand Convertible: Кабриолет од 3,5 милиони долари (фото+видео)

Bentley Grand Convertible: Кабриолет од 3,5 милиони долари (фото+видео)

Најновиот суперлуксузен „Bentley“ со отворен покрив ќе биде направен во само 19 примероци.

„Bentley“ својот скапоцен „Grand Convertible“, кој благодарејќи на значително малата серија ќе биде меѓу најлуксузните автомобили на светот, го претстави на вистинско место кога станува збор за луксузни возила – на саемот во Дубаи.

Иако производителот официјално не ја потврди цената на возилото, се шпекулира дека „Grand Convertible“ ќе чини дури 3,5 милиони долари.

Автомобилот претставува продукциска верзија на истоимениот концепт од 2014-та, а механички е заснован на моделот „Mulsanne Speed“ кој добива погон од 6.75-литарски V8 со 537 ks (395 kW) и 1.100 Nm максимален вртежен момент.

Се очекува купувачите своите примероци да ги добијат дури во 2019-та, на 100-годишнината на „Bentley“.

Повеќе детали за овој ексклузивитет на 4 тркала можете да погледнете во видео-снимката која вљубеникот во суперспортски и луксузни автомобили на „YouTube“ познат под името „Shmee“, го сними во Дубаи:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП