17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританец со германско срце: Новиот Aston Martin Vantage (фото+видео)

Британец со германско срце: Новиот Aston Martin Vantage (фото+видео)

Британскиот производител „Aston Martin“ го покажа својот целосно обновен модел „Vantage 2019“. Наследникот на култниот модел претрпе значајни промени и во внатрешноста и во надворешноста, но и во конструкцијата.

Автомобилот е изграден на подобрената „DB11“ шасија, а со дополнително конструирана структура, новиот модел е 136 кг. полесен од својот претходник. Моќта од 503 КС и 685 Nm вртежен момент е генериран од 4.0-литарскиот V8 мотор на „Mercedes-AMG“ со два турбополначи.

Заедно со него функционира автоматскиот менувач со 8 брзини, а подоцна е веројатно да биде достапен и мануелен. Така, максималната брзина е 315 km/h, а забрзувањето од 0 до 96 km/h трае 3,5 секунди.

Внатре, новиот „Vantage“ потсетува на „DB11“, но седиштата се дизајнирани за подобра позиција додека возите. Исто така постои и не-заклучен пристап до внатрешноста, копче за старт/стоп, асистент за паркирање, „Wi-Fi“ пристапна точка и 8-инчен информативен екран. Со пакетот „Sports Plus Pack“ исто така има и армирано седиште, елементи од јаглеродни влакна и спортски управувач.

Новиот автомобил е првиот модел на компанијата, кој е опремен со електронски заден диференцијал. Обновениот „Vantage“ располага со адаптивна суспензија која нуди три режими на работа: „Sport“, „Sport Plus“ и „Track“.

Што се однесува до надворешноста, производителот ги задржа познатите линии на каросеријата. Предниот сплитер е дизајниран да го насочи протокот на воздух под возилото. За да се обезбеди правилно продолжување на протокот, дополнителните канали се вградени во дното. Во задниот дел се достапни дифузер и специјална задна врата за да се создаде дополнителна сила на притисок.

„Aston Martin“ веќе прима нарачки за „Vantage 2019“. Почетните цени се 120.900 фунти за Велика Британија, 154.000 евра за Германија и 149.995 долари за САД. Првите сопственици се очекува да ги добијат своите автомобили во вториот квартал од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП