23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаборавениот авто-бренд се враќа во Европа (фото+видео)

Заборавениот авто-бренд се враќа во Европа (фото+видео)

Некогашниот германски автомобилски бренд „Borgward“, кој беше обновен во 2015-та, по половина век хибернација и чии возила од неодамна се достапни на кинескиот пазар, пристигнува и во продажните салони во Европа во првиот квартал од 2018-та.

„Borgward“ на почетокот ќе биде достапен за купувачите во Германија, а потоа и во некои од соседните земји. Првиот модел кој ќе пристигне на европскиот пазар е кросоверот „BX7“, кој и беше претставен на јавноста уште во 2015-та, на саемот во Франкфурт.

Во последниве две години производителот го усовршуваше претпродукцискиот автомобил од 2015-та, па „BX7“ конечно ќе биде подготвен за лансирање во Европа на почетокот на 2018-та.

Основната верзија ќе има 2.0-литарски турбо бензински мотор со 224 ks. Моќта ќе се пренесува на сите 4 тркала со помош на седумбрзински менувач со двојно квачило. Најавен е и „plug-in“ хибрид чиј погонски систем располага со 401 ks.

Според најавите, се очекува цената на основната верзија во Германија да изнесува околу 26.000 eвра.

Недолго по почетокот на продажбата „Borgward BX7“, на купувачите на Стариот континент ќе им биде понуден и помал кросовер, моделот „BX5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП