19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Стимулациите на ЕЦБ сè уште се потребни за да се зголемат...

Драги: Стимулациите на ЕЦБ сè уште се потребни за да се зголемат платите

Реконструкцијата во еврозоната е стабилна, но Европската централна банка (ЕЦБ) треба да продолжи да обезбедува ликвидност, за да придонесе за зголемување на платите. Ова го изјави претседателот на институцијата Марио Драги, цитиран од „Ројтерс“.

„Подобрувањата на пазарот на трудот, кои ги гледаме, се уште имаат потреба од време за да се претворат во подинамичен раст на платите“, изјави Драги пред европратениците.

„Рекалибрирањето на политиките за периодот по крајот на оваа година има за цел да го задржи нивото на парични стимулации, кој е се уште неопходен за обезбедување на одржливо враќање на инфлацијата“, додаде тој.

Според Драги, функционерите на еврозоната ќе мора да чекаат да се чувствуваат надоместени и платени. „Многу од оние кои страдаа од болните загуби на работни места за време на кризата, сега наоѓаат работа“, рече тој.

Тој посочи дека во 16 од сите 19 земји во еврозоната се забележува позитивен годишен раст на вработеноста од средината на 2014-та година. На ниво 8,9% е невработеност во еврозоната и е најниска од јануари 2009-та година. Многумина од вработените сепак би сакале да работат повеќе, а некои, кои се надвор од пазарот на трудот, се обесхрабрени и веќе не бараат работа.

Драги посочи дека не може да има единствена европска шема за гарантирање на депозитите, ако не се реши проблемот со лошите кредити во Италија и други јужноевропски држави.

„Надзорот на заеми и единствената европска шема за гарантирање на депозитите се меѓусебно поврзани“, изјави претседателот на ЕЦБ. „Намалувањето на ризикот и споделувањето на ризикот, исто така треба да одат паралелно и лошите кредити се дел од тоа“, додаде Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП