27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрераспределба на 1,6 милијарда денари од буџетот за отплата на заостанати долгови

Прераспределба на 1,6 милијарда денари од буџетот за отплата на заостанати долгови

Собранието на Република Македонија со 51 глас „за“, ниту еден „против“ и 25 „воздржани“ денеска ја усвои одлуката за прераспределба на 1,6 милијарда денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во Собранието образложи дека финансиите се кратат од ставки кои нема да бидат реализирани, а средствата ќе се користат за отплата на наталожени обврски.

„Со овие пари се планира исплата на неколку заостанати долгови како за Македонската филхармонија, опрема во МВР, градежни објекти во СОЗР – Факултетот за драмски уметности, Албанскиот театар и библиотеката во Тетово“, рече Тевдовски.

Со оваа отплата на дел од наследените долгови, како што нагласи Тевдоски, ќе се обезбедат заштеди во следните 10 години како резултат на избегнување на плаќање камати и евентуални судски трошоци за ненавремено подмирени обврски.

Оваа промена ја поддржаа и од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на една од десетте пратенички групи на партијата, Илија Димовски, кажа дека дека крајната цел на одлуката е во ред бидејќи со неа ќе се овозможи 50-ина милиони евра да влезат во стопанството. Но, напомена дека одлуката е првата целосна дијагноза на Владата на СДСМ за слабостите во планирањето и реализирањето на средствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП