12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley почна да работи на својот прв електричен автомобил

Bentley почна да работи на својот прв електричен автомобил

Инженерите на „Bentley“ почнаа да работат на првиот електричен автомобил на брендот. Информацијата беше потврдена од страна на шефот на британскиот концерн Волфганг Дирхајмер. Тој рече дека електричното возило на „Bentley“ ќе биде воведено во 2019-та година и ќе биде купе со двосед.

Дизајнот ќе биде во духот на концептот „Bentley EXP 12 Speed ​​6e“, а серискиот модел ќе пообемен.

Според прелиминарните информации, електричниот мотор и батериите ќе бидат по моделот на електричното возило „Porsche Mission E“. Така „Bentley“ ќе добие два мотори со вкупна моќност од 600 КС. Податоците велат дека автономијата на возилото ќе биде околу 500 км.

Претходно, стана јасно дека кросоверот „Bentley Bentayga“ ќе има хибридна верзија. Тој во моментов се тестира, а премиерата е закажана за 2018-та година.

Најавениот хибрид на „Bentley“ ќе биде опремен со V6 бензински мотор со турбо полнач и електромотор со вкупна моќност од 460 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП