27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИУНИ Банка со добивка од над 3 милиони евра заклучно со третиот...

УНИ Банка со добивка од над 3 милиони евра заклучно со третиот квартал

УНИ Банка заклучно со третиот квартал од 2017 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 190,2 милиони денари, што претставува пораст од 62,8% спрема истиот период од минатата година. Главна причина сe нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надомести, што постигнаа раст од 16,8% и 7,6% соодветно.

Кредитното портфолио во наведениот период се зголеми за 12,5% и достигна ниво од 10,6 милијарди денари. Депозитната база во истиот период се зголеми за 6,75% и достигна ниво од 11,9 милијарди денари.

Банката продолжува да одржува конзервативна политика во управувањето на кредитниот ризик , што е основна причина за релативно ниското ниво на лоши пласмани и резервации во кредитното портфолио.

До крај на 2017 година Уни Банка планира да продолжи со тенденцијата на зголемување на  активата, подобрување на финансиските перформанси и капиталот,  што би ја зајакнало стабилната позиција во македонскиот банкарски систем.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП