17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHon Hai Precision Industry го објави најголемиот пад на добивката

Hon Hai Precision Industry го објави најголемиот пад на добивката

„Hon Hai Precision Industry“ забележа најголем пад на профитот од пред 9 години, откако технолошки проблеми одложија производството на „iPhone X“, пишува „Bloomberg“.

Основниот добавувач на „Apple“ забележа 39% пад на нето профитот до 21 милијарди тајвански долари (696 милиони долари) во кварталот кој заврши во септември. Прогнозата на аналитичарите изнесуваше 37,2 милијарди тајвански долари. Тоа е најголем пад на профитот од последниот квартал од 2008-ма година за тајванската компанија која добива повеќе од половина од своите приходи од „Apple“.

Одлуката на „Apple“ да ги избере технички сложени сензори за препознавање на лицето за „iPhone X“ првично им отежна на некои добавувачи и влијаеше негативно и на бизнисот на „Hon Hai“. Се тврди дека американската компанија нема да успее да извлече доволно од својот најскап и најпознатиот баран модел по Божиќ. Освен тоа продолжува да се бори со недостигот на добавувачи кои можат да ги прават „OLED“ екраните. Оперативните трошоци на „Hon Hai“ се зголемија со над 16% во кварталот, така што ги притиснаа нето маргините на компанијата до под 2%.

Зголемениот пазарен удел на кинеските производители на смартфони – од „Huawei“ до „Vivo“, исто така е проблем во претставувањето на „Hon Hai3, бидејќи тие сами ги составуваат уредите. И иако светската продажба на паметни телефони се зголеми за 5 отсто во кварталот кој заврши во септември, овој процес е придвижуван од пребарувањето на поевтини телефони на пазарите во развој според компанијата за студии „Counterpoint“.

„Hon Hai“ забележа разочарувачки приходи и порано, кога „iPhone 8“ не се претстави доволно добро. Иако компанијата е главен снабдувач на „iPhone X“, „Apple“ не ја стартува продажбата на клучниот модел до ноември, цели два месеца откако „iPhone 8“ се најде во продавниците.

Акциите на компанијата го завршија берзанскиот ден со 0,9% пад во цената.

Резултатите на „Hon Hai“ за третиот квартал вклучуваат голема неоперативна добивка која ја засегна проценката на финансиските средства.

И сепак „iPhone X“ ќе стане клучен двигател на профитот на „Hon Hai“ откако „Apple“ се справи со проблемите во синџирот од испораки. Американската компанија предвидува дека „iPhone X“ ќе генерира рекордни продажби во висина од 87 милијарди долари во кварталот, вклучувајќи ги божиќните и новогодишните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП