6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФершпед АД Скопје за периодот јануари-септември 2017 оствари добивка од 53,45 милиони...

Фершпед АД Скопје за периодот јануари-септември 2017 оствари добивка од 53,45 милиони денари

Фершпед АД Скопје  за период 01.01.-30.09.2017 година оствари нето добивка од 53.455 илјади денари што пoкажува зголемување на истата во однос на добивката од минатата година.

Оперативната добивка осварена во период јануари-септември 2017 година изнесува 61.053 илјади денари и истата е зголемена за 8% во однос на добивката во 2016 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари-септември 2017 година изнесуваат 2.328.087 илади денари и истите бележат зголемување за 5% во  однос на вкупните приходи остварени во истиот период  минатата година.

Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 2.322.478 илјади денари и се зголемени за 6% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2016 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

Вкупните расходи осварени во период јануари-септември 2016 година изнесуваат 2.272.445 илјади денари и истите бележат зголемување од 5% во однос на истите мината година.

Оперативните расходи се во износ од 2.261.425 илјади денари и истите се зголемени за 6% во однос на оперативните расходи од 2016 година.Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП