26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle Translate го користат 200 милиони луѓе секој ден

Google Translate го користат 200 милиони луѓе секој ден

detect-language-google-translate

Сервисот на „Google“ за преведување (Google Translate) кој поддржува 71 јазик секојдневно го користат околу 200 милиони луѓе.

Овој сервис за преведување е лансиран во 2006-та година, а според последните податоци секој ден прима милијарда барања за превод.

„Изгледа дека оваа услуга во голема мерка им помага на луѓето“, изјавил Џош Естел кој на оваа платформа работи во текот на последните седум години.

Според него 92 проценти од луѓето надвор од САД го користат „Google Translate“, а овој сервис во текот на годините значително е унапреден, со додавање на нови јазици, веб-адреси и други мали подобрувања.

„Google“ исто така неодамна соопшти дека во иднина ќе биде фокусиран на нови области, меѓу кои е додавање на нови јазици и подобар квалитет на преводите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП