18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да ја инсталирате BETA верзијата Android 8 Oreo нa Galaxy S8...

Како да ја инсталирате BETA верзијата Android 8 Oreo нa Galaxy S8 или S8+? (видео)

„Samsung Experience 9.0“ е лансиран, а една од првите работи која ќе воодушеви многу сопственици на „Galaxy S8“ е можноста за надоградба на системот на нова верзија. Нормално, се е официјално и легално. Овој чекор не ја нарушува гаранцијата.

За да ја инсталирате „BETA“ верзијата, потребно да имате сметка на „Samsung“ која можете бесплатно да ја креирате. Потребно е исто така да ја лажирате локацијата со помош на „VPN“ апликацијата затоа што само жителите на САД, Велика британија и Јужна Кореја можат да ја направат надоградбата. Сето тоа минува низ „Samsung Members“ апликацијата која може да ја превземете од „Google Play“.

Тоа што треба да го знаете пред да ја инсталирате „BETA“ верзијата дека таа не е совршена. Поради тоа и е „BETA“ верзија. Но, според искуствата на корисниците кои преминаа на „Android 8 Oreo BETA“ верзијата, грешки нема многу и се е во границите на нормалата.

Ова е упатството „чекор по чекор“:

1. Логирајте се на вашата „Samsung“ сметка во рамките на прилагодување на телефонот. Доколку ја немате, креирајте нова „Samsung“ сметка.

2. Инсталирајте ја апликацијата „Samsung Members“ од „Google Play“.

3. Стартувајте ја апликацијата „Samsung Members“, прифатете ги уловите за користење и следтете ги упатствата.

4. Допрете на „сендвич“ тастерот во горниот дел од аголот на екранот.

5. Со скокнување на панелот допрете на првата категорија „Notices“.

6. Потоа допрете на „Register for Galaxy Beta Programme“.

7. Прочитајте што подразбира „BETA“ програмата и доколку тоа е во ред, тогаш допрете на насловната фотографија „Galaxy Beta Programme“ под која пишува „Register“.

8. По тоа пристапете кон подесување на телефното и иницирајте надоградба на „Android“ на вообичаен начин.

Тоа е тоа! Потоа почекајте надоградбата да се превземе и инсталира. Имајте на ум дека сето ова може да потрае некое време. Ви предлагаме и видео кој го прикажува целиот процес:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП