2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКралот се враќа: Еве го новиот Chevrolet Corvette ZR1 (фото)

Кралот се враќа: Еве го новиот Chevrolet Corvette ZR1 (фото)

Американската компанија „Chevrolet“ на саемот во Дубаи официјално го претстави новото екстремно купе „Corvette ZR1“, „Model Year 2019“. Автомобилот доби мотор со 755 КС и ќе се појави на пазарот во ограничена серија.

„Кралот се враќа, а тој е посилен од кога било досега“, изјави раководството на американскиот бренд на презентацијата на автомобилот. И за тоа има дефинитивно причини. Новиот „Chevrolet Corvette ZR1“ се потпира на модифицираниот 6.2-литарски LT5 V8 мотор. Неговата моќност е 755 КС, а максималниот вртежен момент е 969 Nm.

Од „Chevrolet“ велат дека ова е постигнато благодарение на системот со двојно вбризгување на гориво, специјално развиен за овој автомобил. Моторот може да се комбинира со 7-брзински мануелен менувач со активен синхронизатор и 8-степен автоматски менувач.

Новиот „Corvette ZR1“ ќе може да развие максимална брзина од преку 330 километри на час (337 km/h). Други детали не се објавени, но јасно е дека телото ќе биде достапно со два дополнителни пакети со „Low Wing“ и „ZTK Performance Package“ (High Wing).

Првиот е стандарден – „Low Wing“, дозволувајќи му на автомобилот да генерира 70% поголема сила на притисок од основниот „Z06“. За возврат, „ZTK“ пакетот за изведбата обезбедува уште 430 килограми сила на притисок (плус 60%) наспроти „Low Wing“. Исто така вклучува и реконструиран систем „Magnetic Ride Control“, гумите „Michelin Pilot Sport Cup 2“ и посебните поставувања на шасијата.

За екстремното купе, се обезбедуваат опции како „Nappa“ кожа, волан со јаглеродни влакна, модерен „Bose“ и регистратор „Performance Data Recorder“. Продажбата започнува во пролетта 2018-та година, но се уште не позната бројката на примероци кои ќе бидат произведени, како и цената по која ќе се продаваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП