29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМорална криза: Тројца Американци заедно побогати од половина Америка

Морална криза: Тројца Американци заедно побогати од половина Америка

Бил Гејтс, Џеф Безос и Ворен Бафет, заедно располагаат со имот поголем од заштедата на дури 160 милиони Американци. Тројцата милијардери заедно имаат вкупно 248,5 милијарди долари, што ја надминува збирната вредност на имотите на околу 63 милиони американски домаќинства, се наведува во студијата Bilioner Bonanca, која ја изработи американскиот институт за политички студии.

„Толку пари концентрирани во толку мала рака, додека голем број луѓе се мачат, тоа не е само лоша економија, туку и морална криза“ се наведува во студијата.

Кога би се собрале вредностите на имотите на околу 400 најбогати луѓе во САД, ќе се добие богатство од 2,68 милијарди долари, што е повеќе од бруто домашниот производ на Велика Британија, Франција или Индија, се наведува во студијата на основа на листата на Форбс со 400 најбогати, како и прегледот на потрошувачките финансии на Федералните резерви за минатата година.

„Нашите 400 најбогати луѓе сега располагаат со богатство поголемо од вкупните средства на 64 отсто од американскиот народ, односно околу 80 милиони домаќинства или 204 милиони луѓе. Тоа е повеќе луѓе отколку бројот на жители во Канада и Мексико заедно“ се додава во извештајот.

Намалувањето на даноците кое го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, најверојатно ќе го прошири јазот, со оглед дека намалувањето на даноците за 80 отсто ќе им користи само на најбогатите, односно на еден процент од домаќинствата.

Во студијата се предлагаат два чекори во решавање на расчекорот на богатството – да не се влоши нееднаквоста со дополнително намалување на даноците за богатите и да се примени политика на намалување на концентрирани богатства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП