3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите потрошија 25 милијарди долари за Денот на осамените

Кинезите потрошија 25 милијарди долари за Денот на осамените

За време на Денот на осамените срца во Кина, купувачите потрошиле над 25 милијарди долари, прескокнувајќи ги претходните рекорди за најголемиот светски настан за малопродажба. Денот на самците е промовиран годишно од страна на кинескиот гигант за е-трговија Алибаба и се одржува на 11 ноември.

Според информациите, започнат е од страна на дипломирани студенти во 1990-тите, кои си купиле подароци како еден вид на анти-валентајн ден. Компаниите нудат големи попусти за палета на производи што се продаваат во текот на 24-часовен период.

Настанот на продажба на мало сега е речиси четири пати поголем од Црниот петок и Сајбер понеделникот, двата најголеми трговски денови во САД. Оваа година потрошувачите потрошиле околу 40 отсто повеќе за Алибаба отколку минатата година, а износот потрошен во 2016 година беше достигнат за само 13 часа со 1 милијарда долари потрошени во првите две минути по полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП