15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови фотографии од телефонот на преклопување на Samsung

Нови фотографии од телефонот на преклопување на Samsung

Иако „Samsung“ секоја година објавува нови телефони од своите популарни серии „Galaxy“ и „Note“, јужнокорејската компанија исто така нуди различни опции и за корисниците со различни потреби.

Компанијата во минатото нудеше некои интересни опции, како „Android flip“/телефонот на преклопување, а сега подготвува нешто ново на ова поле.

Новите фотографии најверојатно го откриваат ненајавениот телефон „W2018“, кој би требало да биде наследник на минатогодишниот модел „W2017“. „W“- серијата на „Android flip“ телефони на компанијата „Samsung“ е интересна, затоа што имплеметира премиум хардвер во „flip“ формат. Нормално, цената обично е висока и неретко надминува 1.000 долари.

Спецификациите на овој телефoн не се познати, но дали „W2018“ ќе биде претставен и надвор од Кина, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП