11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИздавачот на Time разочаран од неговите финансиски резултати

Издавачот на Time разочаран од неговите финансиски резултати

Приходите за третиот квартал на издавачот на печатеното издание „Time Inc“ остануваат под прогнозите на аналитичарите, бидејќи подобрувањето на онлајн рекламирањето не успева да ја компензира печатената реклама, соопштува „Ројтерс“.

Издавачот со седиште во Њујорк на магазините „Time“, „Sports Illustrated“ и „People“ објави дека вкупните приходи од рекламирањето се намалуваат со 11,5% до 369 милиони долари во кварталот до крајот на септември, главно како резултат на падот од 17,7% на приходите од печатената реклама.

Приходите од онлајн рекламирањето, сепак, се зголемија за 2,3% на 132 милиони долари.

Резултатите беа претставени неколку недели откако „Time“ објави дека ја испитува продажбата на средства кои формираат околу 488 милиони долари приходи за 12-те месеци до 30-ти јуни, поради долгиот пад на основниот печатен бизнис на компанијата. Средствата ги вклучуваат „Time UK“ и мнозински удел во списанието „Essence“.

Приходите за третиот квартал на компанијата „Time“ се намалуваат со 9,5% до 679 милиони долари, што е под прогнозите на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, за 693,5 милиони долари.

Нето добивката изнесува 13 милиони долари или 14 центи по акција во однос на нето загубата од 112 милиони долари или 1,13 долари по акција пред една година.

Без еднократните ефекти добивката изнесува 36 центи по акција. Аналитичарите во просек очекуваа 29 центи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП