18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.11/2017 за долгови доспеани до 31.07.2017 и неплатени до 31.10.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци треба да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.11/2017 објавени се 2437 должнициправни лица (повеќе за 1 од претходната листа) и 1964 физички лица (повеќе за 234 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2017 изнесува 11.185.497.273 денари, помалку за 159.973.898 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.091.106.145 денари (помалку за 170.847.714 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 94.391.128 денари (повеќе за 10.873.816 денари од претходната листа).

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП