18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог-буџетот за 2018 година: Најавени поголеми капитални инвестиции и кратење на непродуктивните...

Предлог-буџетот за 2018 година: Најавени поголеми капитални инвестиции и кратење на непродуктивните трошоци

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција за медиумите, која се одржа во Владата, го соопшти предлог-буџетот за 2018 година, откако синоќа Владата на Република Македонија го разгледа и го усвои предлог-буџетот и донесе заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

Тој соопшти дека предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 3,4 милијарди евра, со буџетски дефицит од 2,7 процента од домашниот бруто-производ (БДП), помал во однос на оваа година, кој изнесуваше 2,9 отсто.

Заев на прес-конференцијата најави поголеми капитални инвестиции и кратење на непродуктивните трошоци.

Исто така, спомена дека ќе се зголемуваат платите во здравството и образованието за 5 отсто, додека во одбраната, како што рече, зголемувањето ќе изнесува 10 проценти.

Ќе се инвестира и во културни вредности, односно издвоени се 10 милиони денари за реконструкција на офицерскиот дом во Битола и исто толку за спомен обележјата на Тоше Проевски во Крушево, истакна Заев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП