26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGTA V продадена во 85 милиони примероци

GTA V продадена во 85 милиони примероци

„Grand Theft Auto V“ и неколку години по излегувањето не застанува. И натаму се држи високо на месечните листи на најпродавани игри во повеќе држави, а за тоа најдобро говори бројката од 85 милиони продадени копии.

Информациите доаѓаат директно од издавачот „Take-Two“, кој неодамна објави извештај за продажбата за вториот квартал од тековната фискална година, во која е наведено дека сега „GTA 5“, според „NPD“ групата, е најпродавана игра на сите времиња во САД, во дигитален и физички формат на сите платформи.

Oваа игра на компанијата и носи големи суми пари, поради што на „Steam“ (каде што и најдобро се продава) и натаму ја држи онаа „стандардна“ цена од 60 долари.

Покрај одличната „синглплејер“ приказна, за овој успех најмногу допринесува „GTA Online“ во кој играчите поминуваат значително многу време, и кој редовно добива нови надоградувања со нови начини на играње и содржини. Најновото ажурирање го нови „P-45 Nokota“ авионот заедно со 1 нa 1 „Dogfight“ начинот.

Во извештајот секако се наведени и вкупните резултати, во кои покрај „GTA 5“ учествуваа и „NBA 2K18“, „Dragon City“, „Monster Legends“ и „XCOM 2“, од кои „Take-Two“ заработи 310.5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП