13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкари збогум: Deutsche Bank вработува роботи

Банкари збогум: Deutsche Bank вработува роботи

Генералниот директор на „Deutsche Bank“ Џон Крајан даде досега најјасен сигнал дека банката би можела да угаси дсетици илјади работни места.

Банката се завртува кон новите технологии со цел трошоите да ги усогласи со значително ниските приходи, пишува лондонскиот Фајненшл Тајмс.

„Вработуваме 97.000 луѓе. Повеќето големи конкуренти имат дури половина од тој број“, изјави Крајан за Фајненшл Тајмс.

„Deutsche Bank“ досега укина 4.000 работни места од ветените 9.000, колку што беше најавено во претгодишниот план за реструктуирање објавен на крајот на 2015 година, од кој се очекува заштеда на трошоците од три милијарди евра.

Крајан наведе дека многу дополнителни намалувања на бројот на вработени ќе се случат преку користење на технологија која би ја зголемила ефикасноста во банкарските операции.

„Имаме премногу мануелна работа, што ве прави склони на грешки и ве прави неефиксен. Постојат многу уреди кои учат и автоматски машини со кои можеме да работиме“, наведе тој.

Крајан додаде дека односот на бројот на вработени на шалтерите, кои генерираат приходи, според бројот на луѓе во логистика, задолжен за одржување на работата на различни системи, во „Deutsche Bank“ е неодржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП