21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕоN гради мрежа од станици за брзо полнење од Италија до Норвешка

ЕоN гради мрежа од станици за брзо полнење од Италија до Норвешка

Германскиот енергетски гигант „EоN“ се обединува со данскиот оператор „Clever Electricity“ за изградба на мрежа на станици со брзо полнење на автомобили на европските патишта, додека ЕУ се обидува да ја стимулира пошироката дистрибуција на електрични автомобили, според „Блумберг“.

Според проектот, поддржан од 10 милиони евра од фондовите на ЕУ, првично ќе бидат изградени 180 станици од Италија до Норвешка, објави „Clever“. Првите станици во Германија и Данска ќе бидат отворени во текот на летото, а останатите ќе бидат на најмалку 180 километри и ќе овозможат трансконтинентално патување.

Производителите на автомобили трошат рекордните суми за развој на електрични возила за да ги исполнат сé поголемите стандарди за загадување. Построгите јаглеродни ограничувања ќе стапат во сила во 2021-ва година, што им наложува на производителите да произведуваат електрични автомобили, надевајќи се на поширок избор и поголема покриеност, исто така, ќе доведат до посилни набавки.

„Мораме да бидеме подготвени за масовно усвојување на електричните автомобили“, рече Каспер Киркетерп-Молер, извршен директор на „Clever“, стартап на данските енергетски компании.

„Потребна ни е инфраструктура и треба да ги намалиме грижите околу опфатеното растојание. Она што ни недостига е мрежа која ги поврзува градовите и државите“, рече тој во телефонското интервју.

Планот на „Clever“ и „ЕоN“ ги одразува сличните напори на водечките европски производители на автомобили. „Volkswagen“, „BMW“ и компанијата мајка на „Mercedes-Benz“, „Daimler“ се обединети за да создадат мрежа за полнење со околу 400 станици до крајот на деценијата.

Ретката инвестиција од страна на производителите во инфраструктурата го одразува притисокот врз производителите да се справат со загриженоста за употребата на електрични автомобили.

„Clever“, кој оперира со 1.500 станици во Скандинавија и северна Германија, ќе изгради нови места за полнење на батериите до 20 минути. Станиците ќе можат да се сместат помеѓу 2 и 6 автомобили и ќе бидат лоцирани во одморалишта долж автопатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП