28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија со закон ќе го фиксира часот и датумот за Brexit

Велика Британија со закон ќе го фиксира часот и датумот за Brexit

Владата на Велика Британија одлучи законски да го фиксира точниот час и датум од излегувањето на земјата од Европската унија (ЕУ), соопштува „Ројтерс“, цитирајќи го министерот за „Brexit“, Дејвид Дејвис.

За таа цел кабинетот на премиерот Тереза ​​Меј нуди амандман во законот за излегувањето на земјата од ЕУ, кој во моментов е во парламентарна процедура, наведувајќи дека „Brexit“ ќе стане точно во 23 часот по Гринич на 29-ти март 2019-та година.

Така се земаат во предвид загриженоста на приврзаниците на разделбата со блокот, кои се плашат дека мачните потези на преговорите и се повидливата опозиција против разделбата со ЕУ можат да наметнат одложување.

„Одлучивме да ги слушнеме гласовите на пратениците и јавноста и ги направивме промените за да избегнеме каква било загриженост за тоа што значи терминот „ден на излез““, вели министерот Дејвис.

Денот на заминувањето следува од фиксниот двегодишен период за преговори со Брисел, се смета од датумот кога премиерот ја активираше т.н. Клаузула 50 од Лисабонскиот договор.

Во меѓувреме вчера во Брисел започна шестиот круг разговори помеѓу Лондон и ЕУ за излегувањето на Велика Британија од страна на заедницата. Ќе биде краток и се очекува да заврши денес, вели извор од Европската комисија (ЕК).

Брисел повторно не очекува напредок во разговорите во овие два дена. Се претпоставува дека денес, главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние и британскиот премиер Дејвид Дејвис ќе одржат прес-конференција во зградата на Комисијата за да ги објават резултатите од разговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП