17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД ЕЛЕМ во обновливите извори на енергија ќе инвестира 270 илјади евра

АД ЕЛЕМ во обновливите извори на енергија ќе инвестира 270 илјади евра

АД ,,Електрани на Македонија“ ќе вложи 270 илјади евра во нови проекти и истражувања во областа на обновливите извори на енергија и нивната примена со цел да го зголеми уделот на електричната енергија добиена од обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија, информираат од АД ЕЛЕМ.

Средствата се доделуваат во рамките на проектот ,„CROSSBOW“ кој е склучен помеѓу Агенцијата за иновации и мрежи (INEA) формирана од Европската комисија и конзорциум од 24 партнери, меѓу кои и АД ЕЛЕМ.

Целта на проектот е испитување на можностите за менаџирање на различни видови обновливи извори на енергија и на можностите за складирање на енергијата добиена од нив, со што ќе се овозможи транснационален пазар на големо за електрична енергија.

Во однос на учеството во проектот „CROSSBOW“, АД ЕЛЕМ има цел да развие иновативен национален пазарен продукт, кој ќе биде достапен на сите учесници на пазарот на електрична енергија преку транспарентни и недискриминаторни утврдени правила и закони, што беше и нагласено на состанокот на учесниците во проектот, кој се одржа денеска во Софија, Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП