19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple веќе е на само чекор од историјата

Apple веќе е на само чекор од историјата

Техничкиот гигант на „Apple“ е само на чекор од пазарна капитализација од 1.000 милијарди долари. Вчера акциите на компанијата го затворија денот со раст од 0,82% или 176,24 долари и пазарна вредност од 904,87 милијарди долари.

Со зголемување на акциите на „Apple“ на 194,77 долари за акција би значело постигнување на големата цел – првата американска компанија која ќе го премине психолошкото ограничување од 1.000 милијарди долари.

Слободните парични средства на „Apple“ достигна нов рекорд. На крајот на кварталот кој заврши на 30-ти септември, компанијата сега има 268,9 милијарди долари.

Тоа е 7,4 милијарди долари повеќе од претходниот квартал и 31 милијарда долари повеќе од пред една година.

Профитот на „Apple“ достигна 10,71 милијарда долари или 2,07 долари по акција, во споредба со 9,01 милијарди долари или 1,67 долари по акција, за истиот квартал од претходната година. Очекувањата на аналитичарите беа за добивка по акција од 1,87 долари. Растот на овој индикатор е 19%.

Продажбата на компанијата се зголеми за 12 отсто на 52,58 милијарди долари, или 50,7 милијарди долари. Вкупно 55% од вкупната продажба се должи на „iPhone“.

Само во последниот месец акциите на „Apple“ додадоа скоро 13% од својата вредност, а зголемувањето во 2017-та година е веќе над 51%. Неодамна, компанијата исто така ги објави своите очекувања за последниот квартал од годината, што се покажа како поголем од просекот на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП