Германската влада која ја превзема грижата за Нирбургринг во 2012-та година е во потрага за нов сопственик на оваа позната патека.
Нирбургринг секако има видено и подобри денови во својата историја, но долгот кој во 2012-та година достигна 400 милиони евра се заканува дека ќе ја доведе патеката до пропаст.
По интервенцијата на германската влада која тогаш ја превзема грижата за овој објект се очекува пистата да биде понудена на продажба се со цел да добие нов сопственик. Се очекува нејзината продажна вредност да не надимне 132 милиони евра, а заинтересираните купувачи ќе можат да ги достават своите понуди до 12-ти јуни 2013-та година.
Тој што ќе ја купи патеката ќе мора да се обврзе дека ќе им дозоволни слободен пристап на патеката и на возачите аматери, како и дека ќе продолжи да ги организира натпреварувања и првенства кои досега се оддржувале на неа. Се проценува дека патеката на својот нов сопственик може да му донесе приход од околу 62 милиони евра.
Засега не е познато дали има заинтересирани купувачи, но германските медиуми во 2012-та година шпекулираа дека иден сопственик на патеката би можел да биде првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун.