27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина склучија трговски договори за над 253 милијарди долари

САД и Кина склучија трговски договори за над 253 милијарди долари

Претседателите на САД Доналд Трамп и на Кина Си Џинпинг најавија низа трговски договори за вкупно 253,4 милијарди долари, пренесе „Франс прес“.

Договорите во области како енергетиката, автомобилската, аеронаутиката, прехранбената индустрија и електрониката беа потпишани на средбата на двајцата лидери во Пекинг.

Трамп увери дека не ја обвинува Кина за нејзиниот огромен трговски суфицит со САД, туку ја пренесе вината врз претходните администрации на САД.

„Не ја прекорувам Кина за тоа. На крајот кој може да обвинува една страна дека ќе искористи од друга страна за доброто на своите граѓани? Ги прекоруваат сепак претходните администрации, кои дозволија овој неконтролиран трговски дефицит да се зголеми“, рече Трамп.

Трамп рече дека е потребна брза акција за севернокорејскиот проблем.

„Времето не стигнува, да се дејствува брзо. Ја повикувам Кина да се вклучи во целосен степен“, рече тој и ја повика и Русија да изврши притисок на режимот на Ким Џонг-Ун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП