20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со добивка од 56.4 милиони денари за периодот...

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со добивка од 56.4 милиони денари за периодот јануари-септември 2017

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп во периодот Јануари-Септември 2017 година оствари добивка пред оданочување во износ од 56,4 милиони денари. Во истиот период 2016 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 87,9 милиони денари.

Приходите од работењето во износ од 603,9 милиони денари бележат намалување од 1,9 % или околу 12 милиони денари во однос на 2016 година. Бруто полисираната премија бележи намалување во однос на истиот период од минатата година од 9% и тоа најмногу во класите на осигурување од незгода и каско осигурување на моторни возила. Приходите од вложување бележат намалување во однос на 2016 од 6,9% најмногу заради намалените каматни стапки на депозитите, намалениот принос на државните хартии од вредност и 5.7 милиони денари помала капитална добивка во однос на претходната година.

Расходите од работењето во износ од 547,5 милиони денари се за 3,6% повисоки во однос на предходната година.

Намалувањата на премијата се најмногу во класите на осигурување кои се со повисок однос на штети во однос на премијата и до крајот на годината сепак очекуваме отстапувањата во однос на планираната добивка да не бидат големи.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП