25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го претвори Polo GTI во рели автомобил

Volkswagen го претвори Polo GTI во рели автомобил

Германскиот производител Volkswagen го покажа прво претставување на автомобилот за учество во светскиот рели-шампионат (WRC). Моделот е изграден врз основа на шестата генерација на хечбекот „Polo GTI“.

Автомобилот ќе биде подготвен за учество во категорија „R5“, како ќе се продава на тимови и приватни пилоти од средината на 2018-та година. Како што е познато, „Volkswagen“ го повлече тимот од светскиот рели-шампионат, за да се фокусира во првенството во рели крос.

„Граѓансиот“ Polo GT се потпира на 2.0-литарски бензински турбомотор со 200 КС, но за тркачката варијанта во „Volkswagen“ избрале друг мотор. Тоа е 1,6-литарски со 4 цилиндри и турбополнач, развивајќи 270 КС. Возилото работи во комбинација со секвенцијален менувач со 5 брзини.

Новата машина ќе се приклучи на „Golf GTI TCR“ во растечката палета на тркачки автомобили на „VW Group“. Таа ги вклучува уште „Lamborghini Huracan GT3“, „Bentley Continental GT3“, „Audi RS3 LMS“, „Porsche Cayman GT4 Clubsport“, „Seat Leon Cup“ и „Skoda Fabia R5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП