19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка АД Скопје ги објави резултатите за периодот јануари-септември 2017

Охридска банка АД Скопје ги објави резултатите за периодот јануари-септември 2017

Охридска банка АД Скопје за периодот од 1.1 до 30.9.2017 г. оствари добивка од 208,6 милиони денари, што е пониска за 51% во однос на истиот период лани поради зголемената исправка на вредност на финансиските средства.

Нето-приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2017 година изнесуваат 888,7 милиони денари и забележуваат пораст од 5,9 % во споредба со остварените нето- приходи од камати во минатата година. Приходите од камати бележат зголемување од 3,3 милиони денари како резултат на порастот на приходите од камати на клиентските пласмани.

Каматните трошоци забележуваат намалување за 46,8 милиони денари или 15,6 % како резултат на прилагодување на каматните стапки на депозитите на клиентите согласно условите на пазарот, како и оптимизирање на краткорочните извори на средства.

Во анализираниот период, нето-приходите од провизии и од надоместоци изнесуваат 202,9 милиони денари и во однос на истиот период од 2016 година се зголемени за 7 милиони денари или 3,6 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 93.1 милиони денари и се зголемени за 15,8 милиони денари или 20,5% во споредба со истиот период од минатата година.

Другите приходи изнесуваат 58,3 милиони денари, во кои се вклучени остварени приходи по основ продажба на побарувања и реализираната капитална добивка од продажба на недвижност сопственост на Банката.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа на крајот од третиот квартал на 2017 година изнесува 456,4 милиони денари и е повисока споредено со истиот период минатата година поради повисоката исправка кај два поголеми клиенти со кои Банката има долготрајни односи, а кои се соочуваат со тешкотиите во исполнувањето на обврските.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ септември изнесуваат 578,1 милиони денари и споредено со истиот период претходната година се зголемени за 47,3 милиони денари, поврзано со пораст на обемот на активности и вкупното работење на Банката.

Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработени, амортизација, трошоци поврзани со картичното работење, телекомуникациски услуги и технологија, пораст на премијата за осигурување на депозити, трошоците за маркетинг и комуникации.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП