3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways стекнува дел во Cathay Pacific

Qatar Airways стекнува дел во Cathay Pacific

„Qatar Airways“ ќе се стекне со удел во авиокомпанијата од Хонг Конг, „Cathay Pacific Airways Ltd.“ во вредност од 661 милиони долари. Ова е уште една инвестиција на компанијата во конкурентен оператор.

Во изненадувачката зделка државната „Qatar Airways“ постигнала договор за купување на 9.6-процентен удел во хонгконгскиот превозник од индустриската компанија „Kingboard Chemical Holdings Ltd.“ која зголемуваше својот удел во авиокомпанијата веќе некое време, информира „WSJ“.

„Cathay Pacific“ која има репутација на компанија со стабилна сопственост, објави во изјава дека планира да продолжи со конструктивните односи со катарската авиокомпанија.

Конгломератот од Хонг Конг – „Swire Pacific Ltd.“ внимателно „чувари“ над „Cathay Пацифик“, кој е познат по својата луксузна услуга и е популарен меѓу бизнис патниците. „Swire Pacific“ поседува 45% од превозникот додека „Air China Ltd.“ има удел од 30 отсто, според страницата на „Cathay Pacific“.

Засега не е јасно какво влијание ќе обезбеди договорот на „Qatar Airways“, бидејќи тој не вклучува место во одборот на директори на „Cathay Pacific“.

Инвестицијата ја поддржува стратегијата на „Qatar Airways“ за купување на акции во различни авиокомпании во светот, објавија од превозникот.

Авиокомпанијата неодамна купи 49% од италијанскиот авиопревозник „Meridiana“ и го зголеми својот удел во компанијата мајка на „British Airways“ – „International Consolidated Airlines Group SA“, до 20%. „Qatar Airways“, исто така, има удел во јужноамерикската „LATAM Airlines Group SA“.

Претходно во текот на годината „Qatar Airways“ се обиде да стекне удел и во „American Airlines Group Inc.“, со што сакаше да влезе на американскиот пазар, во позадина на зголемената тензија меѓу Катар и нејзините соседи во Персискиот залив, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП