21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон објави стотици нови документи за убиството на Џон Ф. Кенеди

Вашингтон објави стотици нови документи за убиството на Џон Ф. Кенеди

Националниот архив на САД во петокот објави нов сет на документи во врска со убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, претежно од доверливите архиви на ЦИА.

Речиси 680 датотеки се објавени, вклучително и 553 датотеки што никогаш не биле објавени претходно, бидејќи ЦИА се спротивставувала, наведувајќи ја како причина за националната безбедност.

Меѓу овие документи е и детален архив за обид за регрутирање на советски дипломати за задачи во странство, со транскрипции за телефонско прислушување.

Во архивите објавени на интернет се документи на Министерството за правда, Министерството за одбрана и на Парламентарната комисија која спроведе истрагата за убиството на Кенеди на 22 Ноември, 1963 година во Далас, Тексас.

Комитетот заклучи дека тоа е дело на еден човек, Ли Харви Освалд, но тоа не го спречи размножувањето на теории на заговор потхранети со стотици книги и филмови како што е “Џон Ф. Кенеди” на Оливер Стоун од 1991 година каде убиството се припишува на Советскиот Сојуз, Куба, мафијата, па дури и на потпретседателот Линдон Џонсон.

Експертите сметаат дека милионските страници нови документи веројатно не содржат суштинско откритие.

По трет пат оваа година Националниот архив на САД објави серија на досиејата, во согласност со законот на Конгресот од 1992 година со која се бара сите документи поврзани со претседателот Кенеди да се објават во рок од 25 години. Архивот веќе има објавено 3810 досиеа на 24 јули и уште 2891 на 26 октомври.

Претседател Доналд Трамп им даде рок од шест месеци до 26-ти април 2018 година на ФБИ и ЦИА, за да се оправда неоткривањето на останатите документи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП