24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја купува компанијата за студено варено кафе Chameleon

Nestle ја купува компанијата за студено варено кафе Chameleon

Гигантот за прехранбени производи „Nestle“ објави своето второ стекнување на мала компанија за кафе, купувајќи ја компанијата со седиште во Тексас, „Chameleon Cold-Brew“. Со овој чекор компанијата се обидува да го зајакне своето водечко место во бизнисот со кафе, објави „Ројтерс“.

Производителот на „Nescafe“ и „Nespresso“ соопшти дека „Chameleon“ е број еден бренд на ладно варено органско кафе во САД.

„Nestle“, која стекна мнозински удел во „Blue Bottle Coffee“ во септември снабдувајќи се со мали независни брендови, за да им се допадне на помладите корисници.

Конкурентите во секторот на пакуваната храна – од „Campbell Soup“ и „Unilever“ – преземат слични чекори, откако корисниците кои се повеќе се грижат за своето здравје и избираат помали брендови, избегнувајќи ги големите брендови. Во исто време, социјалните мрежи им помагаат на почетните компании да растат побрзо.

„Nestle“, сопственик на една од најголемите во светот бизниси со пакувано кафе, исто така се соочува со закана од „JAB Holding“ – приватна инвестициска компанија која расте брзо преку серија на трансакции со кафе во последниве години, од водечките играчи како „Douwe Egberts“ и „Keurig“ и од повеќе луксузни марки како „Stumptown“ и „Intelligentsia“.

Шпекулациите дека „JAB“ би можела да ја купи „Dunkin Brands“ повторно се вратија минатата недела, испраќајќи ги акциите на синџирот на кафе и крофни до рекордна вредност.

По критиките дека премногу бавно реагира на промена на навиките на потрошувачите, „Nestle“ презема чекори за да ги подобри своите перформанси според актуелниот извршен директор Марк Шнајдер.

„Nestle“ не ја откри цената платена за „Chameleon“ која произведува голем број видови на кафе подготвени за пиење во шишиња, концентрирано студено варено кафе кое може да биде на растворање, како и апарати за кафе за студена подготовка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП