17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМилиони корисници ширум светот останаа без WhatsApp

Милиони корисници ширум светот останаа без WhatsApp

Корисниците на „WhatsApp“ ширум светот денеска не беа во можност да примаат пораки преку оваа апликација, поради серверски проблеми.

Дефектот се манифестира кога корисникот ќе влезе во „четот“, апликацијата ја прикажува пораката „connecting“, која потоа останува не екранот, па новите пораки не можеа да бидат примани или испратени.

Проблемот не исчезнуваше ни при рестартирање на апликацијата, па оние кои се обидувале да ја затворат и повторно да ја активираат ја наоѓаа истата порака на екранот.

Апликацијата постепено се оспособува за работа.

Проблемот се појави во Европа и Азија, но и во повеќе различни делови во Латинска Америка, Русија, Индија, Малезија, САД и ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП