Криптовалутата биткоин оствари нов рекорд откако во денешното тргување ја мина границата од 7.400 долари или 7.412,45 долари
Во текот на вчерачниот ден биткоинот утрото прво упсеа да ја „скрши“ границата од 7.000 долари, а потоа ги достигна рекордните 7.355,35 долари, според CoinDesk.
Виртуелната валута се тргуваше по цена од околу 6.450 долари еден ден претходно, а уште еднаш ги изненади инвеститорите и аналитичарите со неговата непредвидлива нестабилност. Благодарение на големиот скок, пазарната капитализација на биткоинот достигна 120 милијарди долари.
Инаку, биткоинот го започна денот со вредност на валутата од 7.030.00 долари, додека најниската цена во досегашното тргување изнесува нешто под границата од 7.000 долари (6.942,29)
Остриот пораст на цената може да се објасни со веста дека до крајот на годината најголемиот берзански оператор „CME Group Inc.“ планира да започне фјучерси на биткоинот до крајот на оваа година.
Ова е уште еден пример дека големите финансиски институции почнуваат да гледаат на крипто-пазарот и впечатливиот принос што го нуди.