30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка со промотивна кампања за кредити и воведување на нови денарски...

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредити и воведување на нови денарски депозитни продукти со фиксна каматна стапка

НЛБ Банка во периодот до 31.12.2017 година води промотивната кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на кампањата, сите станбени кредити ќе се одобруваат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Сите потрошувачки и хипотекарни кредити со ризико осигурување ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, додека останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци.

“Исто така, Ве известуваме дека НЛБ Банка, со цел поголема транспарентност во поглед на информирањето на клиентите за висината на каматните стапки, воведе нови денарски депозитни и кредитни продукти за физички лица со фиксни и референтни каматни стапки”, се вели во соопштението на банката.

Депозитните продукти со рочност до 36 месеци се со фиксни каматни стапки, додека каматите за депозитите со рочност на 48 и 60 месеци се врзуваат со референтни каматни стапки. Како референтна каматна стапка е земена Националната референтна стапка (НРС), при што каматната стапка се формира со користење на НРС и определен фиксен додаток или одбиток.

Новите кредити имаат фиксни каматни стапки до 3 години во зависност од типот на кредитниот продукт. По истекот на фиксниот период за нив важат варијабилни каматни стапки врзани со Национална референтна стапка или Благајнички записи на што се додава и определен фиксен додаток.

Каматните стапки за кредитните картички и лимитите на трансакциска сметка се варијабилни за целото времетраење на продуктот и се условени од движењето на каматните стапки на благајничките записи.

Повеќе информации за промотивните кампањи можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 -600 или на веб страницата: www.nlb.mk

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП