19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗEleanor продадена за еден милион долари

Eleanor продадена за еден милион долари

eleanor

Познатата реплика на „Ford Mustang GT500“ од 1967-та година која беше користена во филмот „Gone in 60 Seconds“ е продадена на аукција во Индијанполис за еден милион долари.

„Ford Mustang GT500“ или „Eleanor“ во филмот „Gone in 60 Seconds“ од 2000-та година ја возеше американскиот глумец Николас Кејџ.

Автомобилот за потребите за снимањето на филмот го направи „Cinema Vehicle Services“ во соработка со компанијата „Chip Foose“ која се занимава со дизајн и изработка на возила по порачка.

Под хаубата на овој автомобил се наоѓа 5.7 литарски V8 мотор кој произведува 298 kW/405ks и кој е поврзан со четиристепен рачен менувач. Возилото е опремено со 17 инчни тркала, има спуштена суспензија и специјални дополнителни светла во средината на предниот браник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП