28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗдружението на банкари го одбележуваат Светскиот ден на штедењето

Здружението на банкари го одбележуваат Светскиот ден на штедењето

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 г. во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците(Светско душтво на штедилници) во Милано, Италија. На последниот ден од конгресот, проф. Равица го прогласил тој ден за меѓународен ден на штедењето.

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето.

На најдобрите службеници во банките и штедилниците ќе им бидат доделени плакети за постигнатите резултати во вршењето на работните активности.

На седницата најавено е обраќање на претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски, министерот за финансии Драган Тевдовски и на гувернерот на Народна банка, Димитар Богов.

Депозитите на граѓаните во Македонија изнесуваат околу 3,8 милијарди евра. Поголемиот дел или над 50 проценти се во денари, а останатите се во девизи.

Според законската регулатива депчозитите се гарантираат до износ од 30.000 евра по депозит во банка. Во септември депозитите на домаќинствата забележаа месечен раст од 0,8 проценти и 5,6 проценти годишен кој во поголем дел произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП