Самсунг Електроникс објави дека својот оперативен профит во третиот квартал е речиси три пати повисок отколку во истиот период минатата година и достигна рекордно ниво, благодарение на силниот раст на побарувачката за мемориски чипови.
Јужнокорејскиот технолошки гигант во понеделникот објави дека според проценката во претходниот квартал, оствари оперативен профит од 14.500 милијарди корејски вони, или околу 12,9 милијарди доалари, што е највисока кварталната добивка во историјата, а речиси три пати повисока отколку во истиот период минатата година.
Приходите се зголемиле за речиси 30 отсто, на 62.000 милијарди вони, при што силно пораснала продажбата на полупроводници и мемориски чипови кои се користат во мобилните телефони и компјутери.
Покрај тоа, во претходниот квартал пораснала продажбата на Samsung паметните телефони, па добивката од тој дел на Самсунг достигна 3.300 милијарди вони, за разлика од 100 милијарди вони во истиот период минатата година.
Аналитичарите велат дека одличните деловни резултати покажуваат дека Самсунг закрепна од минатогодишниот скандал во врска со својот Galaxy Note 7, кој компанијата го повлече од пазарот поради палењето на батериите.
Репутација на Самсунг падна и поради пресудата на шефот на компанија Џеј Ј Ли за корупциски политички скандал, каде од неодамна беше разрешен претседателот на Јужна Кореја.
Но компанијата, всушност има огромни парични резерви, 76.000 милијарди вони, па освен исплатата на дивиденди, најави дека оваа година ќе инвестира рекордни 46.000 милијарди вони, или 41 милијарди долари, околу 80 проценти повеќе од минатата година.