28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДолгогодишниот директор Љубе Рајевски си оди од НЛБ Банка

Долгогодишниот директор Љубе Рајевски си оди од НЛБ Банка

На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27.10.2017 година, долгогодишниот член на Управниот одбор г-дин Љубе Рајевски, поднесе писмено барање за откажување на менаџерскиот договор исклучително од лични, а не професионални причини.

Рајевски е повеќе од 31 година во банката, и беше во тимот од самиот почетокот на формирање на истата. Во периодот на неговото работење во банката ги помина речиси сите позиции, а вредно е да се напомене фактот дека две години беше на позиција Заменик на Генералниот директор, и 17 години Член на Управниот одбор.

Во банката важеше за еден од најреспектираните луѓе, полн со енергија, елан и ентузијазам и е еден од главните виновници за тоа што е денес НЛБ Банка една од најдобрите банки во Македонија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП