23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler го претекна Tesla со електричен камион (видео)

Daimler го претекна Tesla со електричен камион (видео)

Концернот „Daimler“ за време на автосаемот во Токио претстави прототип за електричен камион со името „E-Fuso Vision One“. Машината може да помине околу 350 километри со едно полнење на батериите.

Тежината на камионот е 23 тони, а товарниот капацитет му достигнува 11 тони. Ова е со 2 тони помалку од истата верзија на моделот со дизел мотор. Товарната машина е опремена со акумулатори со капацитет од 300 kW / h, што е наменета за испорака на товар во пределите на големите градови.

Сериското произвдство на електричниот камион ќе стартува за 2 до 3 години, тврдат од „Daimler“. Основи пазари за вакво возило ќе бидат САД, Европа и Јапонија, а во концернот се убедени дека машината ќе успее да се справи со конкуренцијата на камионот на „Tesla“, чија премиера на неколку пати беше одложена.

Во палетата на „Daimler“ има уште еден електричен камион – „eCanter“, кој беше претставен претходно оваа година во Њујорк. Машината тежи 7,5 тони, како километражата со едно полнење кај неа е 120 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП