3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилните перформанси во Азија ја поддржаа продажбата на производителот на Nivea

Силните перформанси во Азија ја поддржаа продажбата на производителот на Nivea

Германскиот производител „Beiersdorf“, сопственик на брендот „Nivea“, ги зголеми насоките за годишната продажба во четвртокот, повикувајќи се на своите нови производи и посилен раст во Азија, особено во Кина, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата со седиште во Хамбург очекува нејзината продажба да се зголеми со меѓу 4% и 5% во оваа година во однос на претходната прогноза за 3-4% и консензус оценка на аналитичарите анкетирани од Ројтерс, за 4%.

Акциите на „Beiersdorf“ пораснаа за 4,7% на 95,19 евра по вестите, што ја направи компанијата најдобра во германскиот главен индекс „DAX“.

Продажбата на компанијата се зголеми за 5,1% на органска база до 5,28 милијарди евра за првите 9 месеци од 2017-та година, што е над оценката во анкетата на „Ројтерс“ за 5,11 милијарди евра.

Зад овој пораст е растот во регионот Африка/Азија/Австралија, кој опфаќа речиси една третина од приходите на групата.

„Ние сме особено успешни во Кина. Ова се должи на забрзаната активност на трговија“, рече главниот извршен директор Стефан Хајденрајх.

Растот на „Beiesdorf“ е позитивно изненадување откако „Unilever“, чии производи „Dove“ се натпреваруваат со „Nivea“, минатата недела го обвини лошото време во Европа и ураганите во САД за разочарувачката продажба за третиот квартал.

„Beiersdorf“, исто така, ги потврди своите насоки за мало зголемување на оперативната профитна маргина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП