11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛошата прогноза за мрежниот пазар ги намали акциите на Nokia со 13,5%

Лошата прогноза за мрежниот пазар ги намали акциите на Nokia со 13,5%

Финската технолошка компанија „Nokia“ забележа повисок од очекувањата профит за кварталот, потпомогнат од решението за случајот на патенто лиценцирање, но предупреди дека нејзиниот главен пазар за мрежна опрема е исполнет со повеќе предизвици и ќе се намалува и во 2018-та година, пренесува „Ројтерс“.

Како резултат на вестите, нејзините хартии од вредност се намалија за 13,5 отсто, објави „Фајненшал тајмс“.

Добивката за третиот квартал пред даноците и каматата се зголемила за 20 отсто во кварталот наспроти една година порано до 668 милиони евра. Сумата е значително повисока од просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“, за 541 милиони евра.

Добивката се поттикнува со еднократна исплата на 180 милиони евра по одлуката за парнична постапка.

Оперативните придобивки од мрежниот бизнис на „Nokia“ опаднаа за 23 отсто во текот на годината. Приходите од продажба на оваа единица се намалија за 6 отсто во константни валути. Ова делумно се должи на проблеми со нејзините мрежни проекти во Северна Америка, Кина, Тајван, Хонг Конг и Макао, пишува уште „Фајненшал тајмс“.

Компанијата соопшти дека очекува годинава условите на мрежниот пазар да бидат потешки од претходните предвидувања. Таа предвидува 4 до 5% за компресија на пазарот за 2017-та година и 2 до 5% пад на годишна основа за 2018-та година.

„Nokia“ забележа и пад од 7% на нето продажбата за трите месеци до крајот на септември во однос на истиот период од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП