5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето кварталната добивка на Deutsche Bank се зголеми повеќе од двојно

Нето кварталната добивка на Deutsche Bank се зголеми повеќе од двојно

Германската банка „Deutsche Bank“ објави дека нејзината нето добивка за третиот квартал се зголемила повеќе од двапати, иако приходите се намалија значително, пренесе „MarketWatch“.

Германскиот кредитор соопшти дека нето добивката по еднократни ефекти изнесува 647 милиони евра во споредба со 256 милиони евра за истиот период од претходната година, поддржана од пониските трошоци.

Трошоците се намалени за 14% на годишно ниво до 5,66 милијарди евра.

Приходите на банката се намалија за 9,6% до 6,78 милијарди евра, погодени од пониските приходи од продажбата и трговијата, кои изнесуваат 1,51 милијарди евра.

Падот на приходите во голема мера се очекуваше. Ниската пазарна нестабилност, слабиот обем на трговија и негативните ефекти на трајно ниските каматни стапки ги „удрија“ банките на глобално ниво во последните месеци.

„Deutsche Bank“ традиционално се потпира повеќе на трговијата со фиксен принос за профит отколку нејзините конкуренти. Големите американски банки, кои веќе ги објавија своите извештаи за третиот квартал, најдоа поддршка во силните резултати од инвестициското банкарство или други бизниси кои помогнаа да се компензираат послабите приходи од тргување.

„Иако средината за приходите останува предизвик, постигнавме значителен напредок по нашите клучни иницијативи, на пример планираното спојување на (бизнисот за малопродажба) „Deutsche Bank“ и „Postbank“ во Германија, како и подготовката на „IPO“-то на нашиот бизнис со управување со средства“, рече Главниот извршен директор Џон Крајан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП