7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPorsche има нов адут на полето на смартфони и чини повеќе од...

Porsche има нов адут на полето на смартфони и чини повеќе од iPhone (видео)

Скапите паметни телефони кои се продаваат под некој автомобилски бренд не се нешто ново, а сега и компанијата „Porsche“ има свој адут.

Германската компанија и претходно продаваше смартфон заснован на „Huawei Mate 9“ зa околу 1.400 eвра, a сега пристигна новиот смартфон „Mate 10“, уред кој претставува комбинација на софистицирана естетика и високи перформанси, исто како што е случај и со автомобилите на „Porsche“.

Куќиштето е направено од стакло и доаѓа во „Diamond“ црна боја. „3D“ заоблениот дизајн вклучува и „FullView“ екран кој речиси нема рамки, а кој е отпорен на нечистотија.

„Mate 10“ поседува 6 GB RAM, 256 GB интерна меморија и авто-подесувачки „Leica“ камери од 12 и 20 MP. Тука е и „Easy Talk“ технологијата кој го засилува тонот на повикот, што е корисно во ситуации кога повикот се извршува во бучна средина.

Смартфонот користи батерија од 4.000 mAh.

„Porsche Design Huawei Mate 10“ кон крајот на годината ќе се продава во Европа по цена од околу 1.400 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП