20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNASA и Google ќе работат на квантен компјутер

NASA и Google ќе работат на квантен компјутер

dwave

Канадската компанија „D-Wave Systems“ која прва објави дека нуди комерцијален квантен компјутер, вчера соопштија дека го продале својот втор таков компјутер „D-Wave Two system“ кој е  вреден 10 милиони долари.

Договорот е склучен помеѓу Универзитетското здружение за вселенски истражувања (USRA) и „D-Wave Systems“. Американската компанија „Google“ и вселенската агенција „NASA“  ќе работат заедно на употребата на квантниот компјутер.

Според инфромациите системот „D-Wave“ не е обичен компјутер за секојдневна употреба. Тој е предвиден да решава одредени видови на проблеми и за тоа да користи квантни ефекти.

„D-Wave“ ќе се користи за низ апликации, но фокусот ќе му биде на унапредени алгоритми кои се користат за подобрување на процесот на учење на машините и вештачката интелегенција. Исто така ќе испитува дали системот може да ја оптимизира потрагата за планети надвор од сончевиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП