20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа продажба дел од историјата на Ферари

На продажба дел од историјата на Ферари

ferrari-logo-iron-x-e-66638

Кога во медиумите ќе се појави веста за продажба на возила кои припаѓаат на историјата на Ферари, секогаш веднаш помислуваме на некој класичен автомобил кој потекнува од фабриката во Маранело. Но овој пат станува збор на друг вид на превозно средство.

kamion

Во понудата на специјализиранта страна „Memento Exclusives“ која се занимава со продажба на сувенири и разни други предмети на фановите на Формула 1, се најде еден екслузивитет. Станува збор за камион кој Ф1 тимот на Ферари го користел за транспорт на автомобилите од 1969-та година до 1980-та година.

Иако камионот не е во совршена состојба, возилото секако би усреќил некој богат фан на Ферари кој би сакал да го има во својата колекција.

kamion1

Камионот на Ферари моментално се наоѓа во Јапонија, а неговата цена се уште не е позната.

Автомобилот кој се наоѓа на фотографијата на камионот не е вклучен во цената, но транспортните трошоци од Јапонија до локацијата на купувачот се вклучени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП