1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРекорден раст на просечните цени на паметни телефони

Рекорден раст на просечните цени на паметни телефони

Побарувачката за нови паметни телефони во Западна Европа се намалува, додека Латинска Америка забележа силен раст во третиот квартал.

Побарувачката за паметни телефони достигна скоро 367 милиони единици во септември, што е рекорд во споредба со истиот период од претходните години. Според истражувањето на „GfK“, бројот на продадени паметни телефони се зголемил за 3% во третиот квартал во споредба со истиот тримесечен период од минатата година.

Според региони, Латинска Америка забележа најголемо зголемување на побарувачката за паметни телефони со продадени речиси 28 милиони продадени единици, што претставува зголемување од 11% во споредба со минатата година, додека во Централна и Источна Европа побарувачката значително се зголеми, каде што се продадени 22,3 милиони паметни телефони во споредба со истиот период од минатата година.

Зголемената популарност на паметните телефони во двата региони помогна да се намали падот на продажбата во Западна Европа, каде што имало намалување од 7% и 30 милиони смартфони. И Обединетото Кралство и Франција доживеаа пад на продажбата од 8% на паметни телефони, иако продажбата се зголеми за 4% на годишно ниво, благодарение на зголемувањето на цените по единица. „GfK“ покажа дека потрошувачите во западноевропските земји сé повеќе се свртуваат кон „high-end“ смартфоните. Еден од осумте паметни телефони сега се продава за над 900 долари.

Побарувачката за паметни телефони во Кина се зголеми за 20% во третиот квартал, со продадени 117 милиони единици. Се очекува дека вкупно 464 милиони телефони ќе бидат продадени во Кина до крајот на 2017-та година, тврди „GfK“. Некои од земјите во развој во Азија, како Бангладеш, Индија, Индонезија и Малезија, забележаа највисок раст во продажбата на смартфони во споредба со било кој друг регион.

„На индустријата очигледно го промени својот фокус, а најдобрите брендови во светот, како што се „Apple“, „Google“, „HTC“, „Huawei“, „LG“, „Moto“, „Nokia“, „Samsung“ и „Sony“ веќе имаат или ќе излезат со нови премиум модели, во обид да ги привлечат клиенти на своите водечки уреди“, изјави Арндт Полифка, глобален директор за телекомунико истражување во „GfK“.

Тој додаде дека потрошувачите се повеќе ги ценат премиум карактеристиките, како што се заштита од вода и прашина, меморијата на телефонот, звукот и квалитетот на камерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП